Ѓорѓиевски најави изградба на нов зелен пазар и откупен центар во Куманово

Од:

Кандидатот за градоначалник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ за Куманово, Зоран Ѓорѓиевски денеска најави доуредување на добиточниот пазар, изградба на нов зелен пазар и откупен центар за земјоделски производи.

– На граѓаните можеме да им понудиме неколку мерки од нашата програма – покривање и техничко доуредување на добиточниот пазар во Долно Којнаре, изградба на нов зелен пазар во населбата „Гоце Делчев“ и изградба на откупен центар за земјоделски производи на големо. Тоа е голема работа која им недостига на кумановци, изјави Ѓорѓиевски во присуство на носителот на советничката листа и кандидатите за советници.

Ѓорѓиевски ја посети и манифестацијата „Денови на медот“ во Куманово каде изјави дека доколку стане градоначалник ќе ја поддржи оваа долгодогодишна традиција.

Би можело да ве интересира

Вучиќ ги објави резулатите од локалните избори: Убедлива победа

Адеми: Овие избори беа тест на политичкиот и моралниот карактер на државата

Османи му ја честита победата на Меџити и му посака успех во водењето на општината

(ВИДЕО) Мицкоски: Ветивме победа, имаме победа, ова е триумф на верниот народ

Горан Наумовски

Орце Ѓорѓиевски води во Скопје, Амар Мециновиќ е втор

Катерина Ѓуровски

Се гласа од 7 до 19 часот

Горан Наумовски