Ѓорѓиевски: Гласајте за проектите и за промени

Од:

Кандидатот за градоначалник на Куманово од ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Ѓорѓиевски на денешната прес-конференција од Спомен Костурницата побара поддршка од граѓаните и ги повика да гласаат за рекреативен парк, индустриска зона, детски градинки, проектот „Куманово без кал“.

– Времето за одлуката дојде, ќе ја видиме на 15 октомври. Доколку сакате да настапи промената во Куманово со заокружување на бројот 13, добивате рекреативен парк Студена вода, нов индустриски центар сместен во локалитетот Речица, три спортски сали, добивате три детски градинки, реализација на проектот „Куманово без кал“ што ќе трае четири години, ќе го вратиме сјајот и зеленилото во Куманово, она по што Куманово беше препознатливо, рече Ѓорѓиевски.

Тој ги повика граѓаните масовно да излезат на избори во недела и да го заокружат бројот 13, за него како што рече идниот градоначалник на Куманово и за советничката листа.

– Гарантираме дека сите овие проекти кои ги понудивме во предизборната кампања ќе имаат своја реализација, рече Ѓорѓиевски.

Тој им се заблагодари на граѓаните за дадената поддршка во овој период и додаде дека на 15 октомври со добиената поддршка од граѓаните ќе биде нов градоначалник на општина Куманово.

Би можело да ве интересира

Османи му ја честита победата на Меџити и му посака успех во водењето на општината

(ВИДЕО) Мицкоски: Ветивме победа, имаме победа, ова е триумф на верниот народ

Горан Наумовски

Орце Ѓорѓиевски води во Скопје, Амар Мециновиќ е втор

Катерина Ѓуровски

Се гласа од 7 до 19 часот

Горан Наумовски

1.451 домашни и странски набљудувачи се акредитирани за локалните избори

Јанчев: Изградба на дом за стари лица, 3 катни гаражи, пречистителна станица Марена – Сопот, гасификација на Кавадарци и многу други проекти

Предраг Петровиќ