Ѓорѓиевски: Без потпис на Иванов, се што ќе се донесе е нелегитимно

Од:

„Тоа што е донесено со газење на Уставот, со прекршување на деловникот и законите, со силување на демократијата не може да биде Закон.

Секое објавување во „Службен весник“ на т.н Закон за употреба на јазиците без претходен потпис од страна на Претседателот на државата, г-нот Ѓорѓи Иванов, повторувам без потпис на Претседателот на државата, не е ни легално ни легитимно и сноси не само политички туку и правни последици“, рече Орце Ѓорѓиевски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

„Тука пред просториите на Службениот весник на Република Македонија уште еднаш предупредуваме дека незаконското објавување на законот се смета за Злоупотреба на службена должност и е казниво согласно член 353 од Кривичниот закон на Република Македонија. Ова дело не застарува за година, две или три за да може сторителот да биде амнестиран од судството на Зоран Заев. Со оглед на тежината на делото и огромните штети по буџетот на Република Македонија кои би ги предизвикало незаконското објавување во Службен весник, ставот 5 од членот 353 предвидува затворска казна од најмалку 5 години.

Ниту една институција, ниту едно раководно лице не смее да падне под нелегалниот притисок на власта и мора да работи по словото на законот. Заев и неговите партнери ги прекршија законските и уставните одредби за да донесат неуставен закон кој има за цел да ги одржи на власт, но ние веруваме дека тоа Службениот весник нема да го дозволи бидејќи спротивната постапка носи и кривична одговорност.

Секој совесен граѓанин, а пред се функционер треба да знае дека ако на врвот на Владата им е вообичаено да ги злоупотребуваат одредбите на законите, тоа не смее да биде правило ако сакаме да имаме правна држава и поредок во Македонија“, изјави Орце Ѓорѓиевски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ