Ѓорѓиев: Одлуката за Вранишковски е на судот, Владата принципиелно ја поддржува МПЦ-ОА

Од:

Одлуката за условен отпуст на Вранишковски ја има донесено судската, а не извршната власт. Иако Владата на Република Македонија принципиелно ги поддржува сите активности кои водат кон надминување на предизвикот што го има Македонската православна црква во рамките на својата меѓународна комуникација, тоа е прашање кое зависи пред се и е во ингеренции на МПЦ-ОА.

Ова го истакна владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев во одговорот на новинарското прашање дали како Влада сугерирале да му се дозволи условен отпуст на Јован Вранишковски по посетата на вториот човек на Руската православна црква на Скопје.

– Владата принципиелно го поддржува надминувањето на предизвикот што го има МПЦ-ОА исто како што го поддржуваат сите општествени субјекти кои партиципираат во рамките на нашето општество. Како Влада ќе ја почитуваме одлуката на Судот, а за мотивите, причините и околностите кои довеле до оваа одлука целисходно е да се обратите кон органот што ја донел, а тоа е Судот, препорача Ѓорѓиев на денешната прес-конференција во Владата.

Тој посочи дека во Македонија постои поделба на власта и нагласи дека судската и извршната власт се независни една од друга.

– Одлуката за условен отпуст на Јован Вранишковски е донесена од страна на Судот во Република Македонија кој е независен орган и секој коментар од страна на Владата не би бил прикладен во овој момент, потенцира Ѓорѓиев. 

Би можело да ве интересира

Митева: ДУИ кога e на власт работи на еден начин, а кога е во опозиција бара нешто друго

Левица: Додека со донации се лечат повредените од Кочани – владата на ДПМНЕ троши милиони за кафе и ЕКСПО 2027

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Јанковиќ: Молк во Владата по објавувањето на скандалот со милионските проневери во Еразмус+

Левица: Инфлацијата јаде, владата молчи

ВМРО-ДПМНЕ: Владата води грижа за сите, зголемува плати и пензии, го помага стопанството

Горан Наумовски

По кандидатурите на Изет Меџити и Фатмир Лимани за градоначалници, Владата нема да назначува нови министри