А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Ѓорѓиев: Новиот закон за патен сообраќај во интерес на превозниците и на патниците

by А1он26/12/2012 - 12:26214
Share0

Владата го усвои новиот закон за договори во патниот сообраќај кој се очекува да обезбеди услови за поефективно вршење на дејноста на транспортерите и подобрување на можностите за судска заштита на превозниците и на патниците.

Следете a1on на Instagram Instagram

Портпаролот на Владата, Александар Ѓорѓиев на денешната прес-конференција информира дека законот е изработен во директна соработка со превозниците и оти тој бил нивно приоритетно барање.

Актуелниот закон, донесен во 1974 година, како што истакна Ѓорѓиев, имал низа пропусти и предизвикувал низа проблеми во работењето на транспортерите.

– Со новиот закон кој веќе е испратен во Собранието и се очекува да биде усвоен кон почетокот на следната година ќе се постигнат голем број на ефекти и ќе имаат корист и превознициите и патниците. Ќе се регулира сеопфатно оваа сфера, ќе се заштитат правата и интересите на сите учесници во пантиот сообраќај и ќе се овозможи подобра нивна судка заштита, рече Ѓорѓиев.

Следете a1on на Youtube YouTube

Со новиот закон превозникот е должен доколку дојде до прекин на патувањето во рок од 60 минути да обезбеди ново возило со кое ќе го превезе патникот до бараната дестинација или да го врати на местото од каде почнало патувањето. Се воведува и нова одредба со која патникот има право да побара оштета заради загубеното време која би била во висина од двојна вредност од средствата што се уплатени за превозот.

Доколку превозникот не го изврши превозот во точно определеното време, автобуската станица, која го организира превозот, е должна да обезбеди превоз на патниците, а потоа од превозникот да бара надомест на штета.

Во договорот за превоз се предвидува и задолжително воведување на одредба за рок на исплата на надоместот за превоз, односно во групни патувања рокот за плаќање не може да биде подолг од 60 дена, а кај единечниот превоз исплата неможе да биде подолга од 30 дена. Секој договор кој нема да ја има оваа одредба ќе се смета за ништовен. Во случај кога на превозникот нема да му биде исплатена оваа сума, тој ќе има право на наплата на казнена камата.

Со законските одредби се регулира и превозот на багажот на патниците, односно превозникот е должен без надомест да превезе багаж до 25 килограми по патник, а доколку патникот сака да превезе повеќе багаж за во меѓуопштинскиот сообраќај ќе треба да плати по 10 денари за секоја торба. Во меѓународниот сообраќај дополнителниот багаж ќе биде превезен доколку патникот уплати 10 проценти од цената на патниот билет за секоја торба.

Во однос на загубниот багаж доколку на патникот не му бидат вратени торбите во рок од 30 дена ќе му биде исплатена оштета во висина од 9.000 денари.

Во случај кога багажот е со поголема вредност, а за тоа патникот претходно го известил превозникот, ќе му биде исплатена оштета во висина на проценетата вредност на изгубениот багаж.

patistasoobrakajvlada

Би можело да ве интересира

Левица: Хронична некадарност на Владата – уште еден ценовен шок за граѓаните

Горан Наумовски11/06/2026 - 10:56

Лишени од слобода 23 возачи за безобѕирно управување возило, без дозвола 21 од кои тројца малолетници

Предраг Петровиќ10/06/2026 - 17:43

СДСМ обвинува: Планот на Владата ќе ја турне државата во уште поголем долг

Горан Наумовски09/06/2026 - 08:2009/06/2026 - 09:14

Влада ја продолжи мерката за намалување на акцизите на нафтените деривати до 15 мај

Горан Наумовски31/05/2026 - 14:0131/05/2026 - 16:20

Владата најави поевтинување на дизелот за 6,5 денари

Горан Наумовски30/05/2026 - 13:16

Владата одлучи: Нема да трошиме време и пари на референдум за европскиот пат

Горан Наумовски27/05/2026 - 21:2827/05/2026 - 21:33
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто