Ѓорѓи Филипов прв кандидат за претседател на Република Македонија на огласот на СДСМ

Од:

Поранешниот амбасадор Ѓорѓи Филипов е првиот кандидат за претседател на државата на партискиот оглас на СДСМ, што е отворен до 19 февруари.

Тој смета дека ќе биде добар консезуален претседател иако напомена дека би било посоодвено да се употреби терминот заеднички кандидат, бидејќи како што рече, „консензуален“ се уште не е јасно дефиниран термин, што би требало да значи поддршка од 75 проценти од населението или политичките партии.

-Ќе делувам според принципот дека сме едно општество. Сите сакаат да живеат во мир и безбедност, со здрав и чист воздух, квалитетно образование, добро здравство“, рече Филипов на денешната прес-конференција.

Прашан зошто одлучил да се кандидира на конкурсот на СДСМ, а не да оди како независен кандидат или пак да се јави на огласот на ВМРО-ДПМНЕ тој истакна дека неговите ставови и визија мбиле поблиски до оние што во моментов ги промовирала СДСМ за евроатланските перспективи на Македонија.

-Освен што имам визија за развојот на Република Македонија по мојот избор , имам и план и стратегија за нејзино остварување, истакна тој.

Филипов е доктор на технички науки. Беше амбасадор во Германија од 2005 до 2010 и во Австрија од 2010 до 2014 година.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Според ММФ, Македонија е меѓу последните европски економии според БДП по жител

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: Македонија на дното, 41 место во Европа – ММФ ги разби бајките на Мицкоски за трета економија

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: СДС е спотер, а сватот на Али Ахмети акционер

(ВИДЕО) Поповиќ: Мицкоски е во паника за Алта банка – по моделот на Вучиќ сака да ја замолчи опозицијата

СДСМ: Мицкоски панично ја брани банката на Вучиќ, сака да се заташка случајот

Во ВМРО-ДПМНЕ на Извршен заклучиле дека СДСМ сака да ја сруши Алта банка

Катерина Ѓуровски