Ѓорге Иванов ќе присуствува на отворањето на Олимпијадата во Лондон

Од:

Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов ќе допатува во Велика Британија за да присуствува на свеченото отворање на Летните олимписки игри (ЛОИ) во Лондон што почнуваат на 27 јули 2012.

Претседателот Иванов е еден од најавените 120 претседатели на држави и влади, монарси и високи членови на кралските семејства од целиот свет кои ќе допатуваат во британскиот главен град за да ги поздрават спортистите од 204 земји колку што ќе се натпреваруваат на ЛОИ.

Иванов ќе присуствува не свечениот прием што во чест на државниците во Бакингамската палата ќе го приреди британската кралица Елизабета Втора која во петок вечерта ќе ги отвори Олимписките игри.

Во текот на својот престој во Лондон, шефот на државата ќе ја посети Амбасадата на Република Македонија каде ќе се сретне со Македонците кои живеат и работат во Велика Британија.

Листата на свечените гости се уште не е комплетирана, но засега се знае дека нема да допатува американскиот претседател Барак Обама, туку само неговата сопруга Мишел. Не се знае кој ќе дојде од Кина, домаќинот на претходната Олимпијада пред четири години.

Отсуството на претседателот Обама се објаснува со неговата зафатеност со изборната кампања во САД за изборите во ноември, но на отворањето на ЛОИ ќе дојдат канцеларот на Германија, како и премиерите на Русија и Јапонија.

При неодамнешната посета на Лондон, францускиот претседател Франсоа Оланд изјави дека ќе дојде во Лондон на Олимпијадата, но не на свеченото отворање, а такво навестување е дадено и од Москва, за рускиот претседател Владимир Путин.

Би можело да ве интересира

Јакимовски: На Македонија ѝ требаат над 50 милиони евра за младите да останат дома

А1он

СДСМ: Глас за Пендаровски е глас за сигурна европска иднина

А1он

Пендаровски прв на гласачкото ливче, ДИК ја одреди ждрепката за првиот круг

Орце Костов

Кабинет на Пендаровски: Претседателот може да користи службено возило и за време на кампања

Орце Костов

ДУИ официјално го промовира Османи како кандидат за претседател

А1он

Уште едно име во трката за собирање потписи: Гоце Ристов сака да биде претседател, иницијативата ја поднел вчера