Ѓорчев во ИРИ во Вашингтон: ВМРО-ДПМНЕ силно ќе соработува со САД, ИРИ и Републиканската партија

Од:

Меѓународниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Влатко Ѓорчев во Вашингтон оствари средба со Јан Ерик Суротчак, новиот директор на ИРИ за трансатлантска стратегија и досегашен директор на ИРИ за Европа.

Ѓорчев го информираше соговорникот за актуелната политичка состојба во Македонија по завршувањето на неуспешниот референдум од 30-ти септември. Граѓаните ги поддржуваат членството на Македонија во НАТО и ЕУ, но очигледно дека меѓу народот има голема недоверба кон политиките на Зоран Заев.

Ѓорчев додаде дека економските индикатори се влошуваат, заедно со политичкиот прогон и слободата на медиумите, како и општото назадување на Македонија во повеќе области.

Исто така, Ѓорчев се заблагодари за долгогодишната соработка и помош од ИРИ за ВМРО-ДПМНЕ која трае веќе 25 години.

„ВМРО-ДПМНЕ силно ќе продолжи да соработува со Меѓународниот републикански институт (ИРИ) и со Републиканската партија, како дел од стратешкото партнерство на Македонија со САД.

Воедно, ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи да ги негува односите и соработката со НДИ и Демократската партија, затоа што политичките односи со САД ги надминуваат партиските рамки и се одржуваат без разлика кој е власт или опозиција во двете земји.

Токму владата на ВМРО-ДПМНЕ го иницираше и го потписа Договорот за стратешко партнерство на Македонија со САД во 2008 година, а истата посветеност ја споделуваме и денес“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

На крајот, меѓународниот секретар Ѓорчев го покани Суротчак во наредниот период да ги посети Македонија и ВМРО-ДПМНЕ во својство на неговата нова функција како директор за трансатлантската стратегија на ИРИ.

Би можело да ве интересира

Панова: Стратегијата на претходната влада не донесе во ќорсокак со евроинтеграциите

(ВИДЕО) Филипче: Ќе бега ли сега Груевски во Русија, кога ќе има барање за екстрадиција

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО