(ВИДЕО) Ѓорчев: Столтенберг и се заблагодари на ВМРО-ДПМНЕ за поддршката во НАТО интеграциите

Од:

Делегацијата на ВМРО-ДПМНЕ имаше конструктивна средба со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, на која се разговараше за повеќе прашања, меѓу кои и стратешката определба за членството во НАТО, рече координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Владимир Ѓорчев.

ВМРО-ДПМНЕ е првата партија која кажа дека Македонија треба да е членка на НАТО и ЕУ. ВМРО-ДПМНЕ гласаше Македонија да учествува во сите мисии на НАТО, додаде Ѓорчев.

Тој истакна дека Македонија во моментов е единствена земја во Европа каде има секојдневен политички прогон на опозицијата, затворени пратеници, уметници, рецесија и лоша економска состојба.

Во врска со враќањето на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието, Ѓорчев изјави дека е познат ставот на партијата и апелираше до власта да го прекине политичкиот прогон, односно да дојде до нормализација на политичките односи.

Ѓорчев информираше дека на средбата меѓу делегацијата на ВМРО-ДПМНЕ и Столтенберг, тема на разговор не бил законот за употреба на јазиците.

– Одлуката на Иванов треба да биде причина за поголема дебата на оваа тема и вклучување на експертите во решавањето на проблемот со името. Столтенберг беше заинтересиран за прашањето со името, но ние имаме одредени црвени линии кои нема да бидат преминати, рече Ѓорчев.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

Американски генерал: Путин игра опасна игра, но НАТО е многу помоќен од Русија

А1он

Москва: НАТО забрзано и стихијски се вооружува

Горан Наумовски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

НАТО подготвува план за руски напад, дроновите вештачката интелигенцијаи треба да бидат првата линија на одбрана

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус