Ѓорчев сака да го осигура бракот со Устав заради предизвиците на модерното време

Од:

Пратеничките групи во Собранието не ја поддржуваат иницијативата на колегите од ВМРО-ДПМНЕ за уставни измени во однос на дефинирањето на бракот.

Во предлогот на ВМРО-ДПМНЕ се наведува дека измените на Уставот ќе овозможат попрецизно дефинирање на брачната и вонбрачната заедница, и тоа во насока на која ќе се утврди дека бракот е заедница исклучиво помеѓу еден маж и една жена.

Влатко Ѓорчев од ВМРО-ДПМНЕ, кој ја образложи иницијативата, рече дека со дефинирањето на бракот тој ќе се заштити како институција, затоа што во последно време е соочен со предизвиците на модерното време. Од СДСМ пак сметаат дека бракот е дефиниран во законот за семејство во 1996 година и оти со отворањето на Уставот, се отвора Пандорината кутија.

– Ако СДСМ нема намера за неколку години да го смени ставот, тогаш не гледам причина зашто да не го поддржат ова барање. ВМРО-ДПМНЕ цврсто стои на овој став, а не како СДСМ, нивни невладини организации подоцна да работат на агенда која на крај ќе резултира со признавање на хомосексуалните бракови, рече Ѓорчев.

Пратеничката Ана Павловска Данева, го пренесе ставот на СДСМ и посочи дека граѓаните имаат многу поголеми проблеми од дефинирањето на бракот. – Со ова ВМРО-ДПМНЕ сака да ја одврати јавноста од реалните проблеми со кои народот се соочува, рече таа.
Сузана Салиу од ДУИ изјави дека нејзината пратеничка група ќе гласа воздржано за предлогот и оти Пандорината кутија е отворена, а дека тие остануваат на ставот за суштински измени на Уставот, а не на делумни. ДУИ повторно го изнесе ставот за употреба на албанскиот јазик, за водењето на собраниските седници на албански јазик, за тоа дали треба да имаме дводомен парламент, за Уставниот суд, пропорционална распределба на буџетот, поделба на клучните функции во државата како претседател на државата, престедател на Влада или на Собранието.
ДПА ги поддржа барањата на Салиу, но смета дека нема потреба од дефинирање на брачната заедница во Уставот укажувајќи на културата на традиционалните семејства кај Албанците. Имер Алиу, од ДПА, сепак смета дека од политички аспект е неморално Салиу да ги соопштува барањата на ДУИ, која, како што рече, е дел од владејачката коалиција.
НДП смета дека сега нема потреба од отворање на Уставот во однос на дефинирањето на бракот.
Измените на Уставот се на дневен ред на собраниската седница закажана за в понеделник. Уставните измени може да бидат усвоени само доколку за нив гласаат две третини од пратениците.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Орце Ѓорѓиевски и мнозинството ќе го постават Скопје на нови, здрави темели, за чист и модерен главен град

ВМРО-ДПМНЕ: Нашите советници гласаа за сите одлуки предложени од Арсовска поврзани со Комунална хигиена

Арсовска: Кадрите на Мицкоски се надлежни за Комунална, тие се во Управниот одбор и во Советот на градот

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ би имале 52 пратеници а СДСМ 21, изгубија 140.000 гласови и попусто лажат со весели математики

ВМР0-ДПМНЕ: Ако утре има парламентарните избори, ќе освоиме над 60 пратеници, а СДСМ би била во некои изборни единици трета партија

ВМРО-ДПМНЕ: Освоивме 550 советнички места, повеќе за 82 од минатите локални избори, а СДС освои само 230 советника, што е помалку за 166