Ѓорчев: Продолжуваме со поддршката за македонскиот земјоделец

Од:

Носителот на листата на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“ во Шестата изборна единица Влатко Ѓорчев денеска на средбите со жителите од Јегуновце и Сараќино ги образложи мерките од изборната програма со кои се предвидува поддршка за земјоделството.

Пред земјоделците, Ѓорчев најави уште поголема финансиска поддршка за земјоделците во следниот период како за набавка на земјоделска механизација, така и за инсталирање на системот „капка по капка“ и за набавка на високоприносен добиток.

– На средбите со земјоделците дискутираме за политиките на владата, па разликата е очигледна. Претходно, владите на СДСМ не дадоа ниту еден денар во земјоделството, ништо не се помагаше. За разлика од тогаш, денеска сите култури без исклучок се поддржуваат. Во наредниот период уште повеќе ќе даваме поддршка. За набавка на земјоделска механизација, наместо 50-50, нудиме 60-40, односно 60 проценти за набавката ќе ги покрие владата, изјави Ѓорчев.

Тој додаде дека нудат и големи поволности за инсталирање на системот „капка по капка“ каде се предвидува покривање на трошоците за 80 проценти од страна на државата, а голем интерес, како што посочи, има и проектот за набавка на високоприносен добиток.

– Во Македонија имаме проблем бидејќи нема доволно високоприносен добиток. Сега 80 проценти за набавка на ваков добиток ќе бидат покриени од државата. Со оваа мерка правиме добар исчекор и стоиме до македонскиот земјоделец. Се надевам дека ова ќе има уште поголеми ефекти во иднина, рече Ѓорчев.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Дали познат доктор и поранешен градоначалник одбил функција во раководството на СДС затоа што не го смета Филипче за релевантен?

Манасиевски: Дали е точна информацијата дека никој не сака да му се нафати на Филипче да му биде во раководството на СДС?

Андоновска: СДС да се дистанцира од Филипче и Заев, на Македонија и треба силна опозиција

ВМРО-ДПМНЕ: Орце Ѓорѓиевски и мнозинството ќе го постават Скопје на нови, здрави темели, за чист и модерен главен град

ВМРО-ДПМНЕ: Нашите советници гласаа за сите одлуки предложени од Арсовска поврзани со Комунална хигиена

Арсовска: Кадрите на Мицкоски се надлежни за Комунална, тие се во Управниот одбор и во Советот на градот