Ѓорчев: Нови вработувања, градинки, училишта и спортски сали во Гостивар

Од:

Носителот на пратеничката листа на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ во ИЕ6 на денешмата средба со граѓаните од Џамиџит маало во Гостивар рече дека програмата „Реално“ на ВМРО-ДПМНЕ предвидува 37 проекти само за Гостивар, додека од СДСМ предвидуваат само седум недефинирани проекти.

– Мило ми е што сум денеска тука во  Џамиџит маало во Гостивар. Добро е што имаме проекти за цела гостиварска општина  и за околните општини. ВМРО-ДПМНЕ во својата програма предвидува 37 проекти за Гостивар, додека СДСМ предвидува седум. Значи разликата е 37 проекти на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата наспроти седум нејасни, недефинирани проекти без план, без програма, без рокови кои што СДСМ нема намера да ги реализира во Гостивар, рече Ѓорчев.

Посочи дека во програмата на ВМРО-ДПМНЕ има проекти од секаков карактер и тоа Технолошко индустриска зона за  нови фабрики и нови вработувања, спортски сали, градинки, реконструкција на училишта, водоводни и канализациони мрежи, асфалтирање на улици, локални и регионални патишта.

– Низата конкретни реални проекти ќе значат подобра иднина за Гостивар, а слична е состојбата со била која општина во шестата изборна единица. Со новите инвестиции што се  планираат предвидени уште 100 нови вработувања. Индустриската зона исто така е голема моќност за гостиварската економија. Таму исто така ќе има нови вработувања, нови можности, нови погони, компании така што тоа ќе биде уште еден импулс за развојот на економијата во овој град, истакна Ѓорчев.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ предлага дополнителни пет години за легализација на дивоградбите

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Подзаконскиот акт за канабис во колизија со законот, власта на СДСМ го донела спорниот правилник

ВИДЕО: Кампањата против СЈО е операција за враќање на Груевски, вели Кузеска

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Двојни аршини на СДС и Филипче, велат дека треба да се казнат оние кои сакаат да возат без возачки, а од друга страна гласаат против имплементација на „Безбеден град”

ВМРО-ДПМНЕ вечерва избира нов Извршен комитет и нов генерален секретар на партијата

Катерина Ѓуровски