А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Ѓорчев: Нема да гласам за уставни измени за промена на уставното име

by А1он20/09/2018 - 08:42242
Share0

Пратеникот Владимир Ѓорчев од ВМРО-ДПМНЕ на својот Фејсбук профил напиша дека нема да гласа за уставни измени за промена на уставното име.

Следете a1on на Instagram Instagram

Сепак Ѓорчев не кажува јасно дали ќе излезе на гласање и ќе гласа против или ќе бојкотира.

Еве што напиша Ѓорчев:

Следете a1on на Youtube YouTube

„Нема да гласам за уставните измени за промена на уставното име на Република Македонија.

Македонија е мојот идеал и вечна љубов. Тоа е емоција и кауза што не поминува.

Јасен е ставот на народот, гласачите и членството против најавените измени за промена на уставното име на Република Македонија. И народот, и гласачите, и членството.

Очигледни се притисоците и недемократските постапки на власта на СДСМ во кампањата за референдумот, кои секојдневно се се засилуваат, особено во локалните средини. Сето тоа дополнително го компромитира и проблематизира резултатот и демократскиот карактер на престојниот референдум.

Секако дека Македонија треба да биде членка на ЕУ и НАТО. Македонија тоа одамна го заслужува, а ВМРО-ДПМНЕ беше првата партија во независна Македонија која ги промовираше евро-атлантските интеграции. Членството на Македонија во НАТО и ЕУ, заедно со стратешкото партнерство со САД, остануваат приоритет на нашата надворешна политика.

Во делот на предложениот договор со Грција, факт е дека Македонија е соочена со лош договор, а граѓаните и македонскиот народ се најмалку виновни за тоа. Тоа е вина и одговорност на власта на СДСМ, која силно ги наруши, влоши и сруши македонските позиции.

Овој договор носи големи ризици во иднина да отвори уште многу прашања, наместо да резултира затворање на отворените прашања. Дополнително, во иднина се отвора простор за нови и нови тековни блокади кон Македонија.

Исто така, референдумското прашање е манипулативно затоа што огромното мнозинство граѓани се “за” членство во ЕУ и НАТО, но се “против” непринципиелните обврски што се наметнати за Македонија и македонскиот народ.

Голем проблем и манипулација е што со денови, недели и месеци не се соопштуваат конкретните уставни измени, така што граѓаните не знаат и не можат да видат за што конкретно се бара нивното изјаснување.

Од сите тие причини, јас како пратеник во законодавниот дом на македонската држава нема да гласам за најавените уставни измени.

Македонската кауза не запира. Тоа е кауза за која вреди да се работи и живее.

Да живее Македонија! Нека е вечна, слободна и независна.“

dpmnereferendum

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Редно е Филипче да се прибере од одморот со Заев на јахта во Грција, предолгата изложеност на сонце му предизвика сончаница и очигледна дезориентираност

Катерина Ѓуровски16/08/2026 - 10:32

На СДС и Филипче им пречи независноста и сега се против македонското знаме кое двапати го менуваа, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски10/08/2026 - 10:4210/08/2026 - 10:51

Манасиевски: Скандалот со водата во Гостивар е последица на децениска негрижа на локалната власт која ја предводи СДС, заедно со ДУИ и Таравари

Катерина Ѓуровски01/08/2026 - 11:5601/08/2026 - 14:05

Манасиевски: Тоа што не се донесе Изборниот законик е показател за тоа дека СДС, Левица и ДУИ, кога имаат можност ќе го блокираат напредокот на државата

Катерина Ѓуровски15/07/2026 - 13:28

СДСМ: Над два милиони евра завршиле кај „Маратон“ и уште една фирма блиска до ВМРО

Катерина Ѓуровски15/07/2026 - 13:01

Манасиевски: Опозицијата не се бори за подобар Изборен законик, туку за да нема Изборен законик

Катерина Ѓуровски12/07/2026 - 12:27
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео