А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Ѓорчев на Годишна сесија на Парламентарното собрание на ОБСЕ во Баку

by А1он28/06/2014 - 10:46142
Share0

На 23. Годишна сесија на Парламентарното собрание на ОБСЕ (ПС на ОБСЕ), што од денеска до 2 јули ќе се одржува во Баку, Собранието на Република Македонија ќе го претставува пратеникот Владимир Ѓорчев, кој е член на Делегацијата на законодавниот дом во ова меѓународно тело.

Следете a1on на Instagram Instagram

Како што соопшти собраниската прес-служба, главна тема за дискусија на сесијата е „Хелсинки + 40: кон човекова безбедност за сите“ и се очекува учество на околу 300 пратеници од 54 парламенти-членки на ПС на ОБСЕ и пет земји-партнери за соработка.

Во рамките на годишната сесија ќе се одржат седници на трите комисии на Парламентарното собрание на ОБСЕ: Комисијата за политички прашања и безбедност, за економски прашања, наука, технологија и човекова околина и Комисијата за демократија, човекови права и хуманитарни прашања, седница на Постојаниот комитет на ПС на ОБСЕ, пленарна седница, специјална дебата за порастот на екстремизмот, радикализмот и ксенофобијата во регионот на ОБСЕ и други придружни настани.

Се очекува на годишната сесија да се обратат Илхан Алијев, претседател на Република Азербејџан, Дидие Буркхалтер претседател на Швајцарската Конфедерација и претседавач со ОБСЕ, Сергеј Наршкин претседател на Државната Дума на Руската Федерација, потпретседателот на Врховната Рада на Украина Руслан Кошулински.

Следете a1on на Youtube YouTube

Парламентарното собрание на ОБСЕ го сочинуваат 323 парламентарци од 57 земји од Европа, Централна Азија и Северна Америка. Собранието обезбедува форум за парламентарна дипломатија, набљудување на избори и зацврстување на меѓународната соработка за исполнување на заложбите во врска политичките, безбедносните, економските прашања, прашањата за човековите права и животната средина.

dpmne

Би можело да ве интересира

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски19/10/2026 - 10:5019/10/2026 - 11:43

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски09/10/2026 - 14:41

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Катерина Ѓуровски30/09/2026 - 14:31

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

Катерина Ѓуровски27/09/2026 - 12:04

Манасиевски: Правосудството треба да биде бастион на правдата, а не бастион на СДС и ДУИ

Катерина Ѓуровски14/09/2026 - 12:36

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина

Катерина Ѓуровски29/08/2026 - 12:08
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео