Ѓорчев: Физичките и вербални напади врз новинари кои не им се допаѓаат на СДСМ и Јанева

Од:

ВМРО-ДПМНЕ најостро ги осудува физичките и вербални напади врз новинарите на Република и Сител од страна на СДСМ и соработниците на Катица Јанева, изјави денеска пратеникот и член на Извршниот комитет на партијата, Влатко Ѓорчев.

Срамно и недолично е, наведе Ѓочев, да се нарачуваат хајки и физички да се напаѓаат новинари само затоа што на СДСМ и на Катица Јанева не им се допаѓа тоа што професионално ја вршат својата работа.

– Ова е само продолжување на срамниот однос на СДСМ кон медиумите којшто во континуитет потсетува на тоталитарната матрица на оваа политичка партија. Аболицираниот криминалец Зоран Заев и сите медиуми врз кои што тој нема контрола ги прогласи за свои политички непријатели и кон нив се обраќаше со речник од којшто се срами секој граѓанин на Македонија. На новинарите со затвор јавно преку фејсбук им се закануваше портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов. Хулиганите на СДСМ физички напаѓаа новинари и буквално демолираа редакции кои што се означени како непријатели на СДСМ од страна на Заев. Сопружниците Ременски упатуваа срамни закани кон новинари кои не известуваат по насоките на Бихаќка, изјави Ѓорчев.

СДСМ, како што наведе, „бараше драконски и невидени казни и одземање лиценци за сите медиуми кои што не известуваат по волја на Заев, Шилегов, Шекеринска, Ременски и останатото раководство на СДСМ“.

– За СДСМ се добри само новинарите над кои има целосна контрола, оние кои седат на иста кафанска маса со Зоран Заев, учествуваат во вандалските протести во кои се сквернават споменици и се напаѓа полицијата и му отстапуваат огромен простор секој ден на СДСМ за промовирање на нивните манипулациите и деструктивните кампањи. Таквите новинари Заев и СДСМ ги згрижуваат и во највисоките партиски тела и ги ставаат на највисоките позиции на листите за пратеници. За останатите има нарачки на хајки и физички напади, рече Ѓорчев. Тој ги повика СДСМ и Катица Јанева, како што посочи, да им се извинат на медиумите и да престанат кон нив да имаат однос каков што имаат во ИСИС и во Северна Кореја.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ предлага дополнителни пет години за легализација на дивоградбите

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Подзаконскиот акт за канабис во колизија со законот, власта на СДСМ го донела спорниот правилник

ВИДЕО: Кампањата против СЈО е операција за враќање на Груевски, вели Кузеска

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Двојни аршини на СДС и Филипче, велат дека треба да се казнат оние кои сакаат да возат без возачки, а од друга страна гласаат против имплементација на „Безбеден град”

ВМРО-ДПМНЕ вечерва избира нов Извршен комитет и нов генерален секретар на партијата

Катерина Ѓуровски