(ВИДЕО) Ѓорчев: Двајца да кивнат ќе ви падне Владата

Од:

Дали Ќе одговараат функционерите на ДУИ праша пратеникот Влатко Ѓорчев по обвинувањата на министерката за одбрана Радмила Шеќеринска за криминално владеење на претходната власт.

– Обвинувавте дека Владата на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ била криминална. Па добро ќе одговара ли некој од ДУИ? Не. Се удрила полицајката во Пајакот. Нема да одговара никој од ДУИ. Двајца да кивнат ќе ви падне владата, реплицираше Ѓорчев.

Претходно Шеќеринска посочи дека единствено се согласува со опозоцијата дека дел од граѓаните се разочарани, но според неа од други причини.

– Луѓето се разочарани зашто десетмина од потпишаните на барањето за доверба на Владата треба да лежат сто години робија. Нема правда зашто се трудите уште со врски да го држите судството да ги спаси тие што денеска не се тука, рече Шекеринска.

Галена Николовска-Ризвановиќ

Би можело да ве интересира

За измените на Законот за јавни набавки поднесени 2.158 амандмани, ВМРО-ДПМНЕ бара бришење на членот оспорен од претседателката Сиљановска Давкова

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Собранието ја отфрли интерпелацијата за министерката Божиновска

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски