Ѓорчев доцнеше 20 минути, говореше 20 минути, но побегна од новинарските прашања

Од:

Влатко Ѓорчев, кој денеска ја објави својата намера да биде кандидат за претседател, на закажаната прес-конференција доцнеше 20 минути, говореше 20 минути, и си замина без да одговори на прашањата на новинарите. Ѓорчев зборуваше за улици и села, за пеперутки во стомакот, за тоа како ќе славел кога ќе победел, но не и за она што ја интересираше јавноста.

За медиумите беше значајна информацијата дали Ѓорчев ќе влезе во претседателската трка како кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, дали ќе добие поддршка од минимум 30 пратеници за кандидатура или пак ќе се бори како самостоен кандидат со потписи од граѓаните. Нејасно е како Ѓорчев, кој е член на највисоките партиски тела на ВМРО-ДПМНЕ излезе сам со своја кандидатура, иако неговиот лидер Мицковски изјави дека за изборот на личноста ќе одлучуваат делегатите на Конвенција на партијата.

Ѓорчев настапи со сигурност дека тој е фаворитот на претседателските избори, не го интересира кој ќе биде против кандидатот од СДСМ, кажа дека половина час на 21 април кога ќе биде изборниот ден, веќе во 21 часот, со граѓаните ќе ги набројува сите населени места каде победил.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Се потврди сè што говоревме, ВМРО е во паника по акциите на САД и Законот за Западен Балкан

Горан Наумовски

СДСМ: За криминалната ВМРО членството во НАТО е „срам за граѓаните“

СДСМ: ВМРО намерно ги стопира ЕУ интеграциите

ВМРО-ДПМНЕ: СДС е на страната на Мадуро, молкот на СДС е одбрана на криминалот и диктатурата

ВМРО-ДПМНЕ: Политичка тишина, СДСМ не реагира за апсењето на венецуелскиот лидер

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и во новата година со старите приказни, 2026 година се уште враќаме ваши долгови и заеми