Ѓорчев до Заев: Трпеливоста ќе прерасне во гнев

Од:

Владимир Ѓорчев од ВМРО-ДПМНЕ се закани на Зоран Заев затоа што тој претходно побара да се разгледа точноста на резултатите кои од општинските изборни комисии пристигнувале до Државната изборна комисија.

Ѓорчев побара, како што рече да се признае големата победа на ВМРО-ДПМНЕ, која според првичните и неконечни резултати изнесува околу 17 илјади гласови.

– Поразениот Зоран Заев сака да ни ја украде победата, сака да ги помножи граѓанските гласови. Нема да му дозволиме да ја украде победата на граѓаните. Имаме јасна, кристално чиста победа. Имаме победа во мандати, победа во број на гласови, во број на општини. Заев и тие околу него треба да знаат дека си играат со трпението на трплеив човек, со гневот на трпелив човек. Народот покажа трпеливост, но доколку некој сака да ја украде победата трпеливоста ќе прерасне во гнев. Ни треба честитка, рече Ѓорчев.

Според него, Заев директно упатил повик за фалсификат кон ДИК, а изборите во Изборната единица 6, како и низ целата држава биле чисти како солза.

– Заев изминативе години доби се што бараше, дури и услови кои што никој во светот не ги доби. Граѓаните одлучија да ја поразат неговата политика, да ја задржат унитарноста и уставниот поредок на Македонија. Оваа држава има институции, народ, уставен поредок. За тоа кој ќе ја формира владата одлучува народот. Оваа изборна победа на ВМРО-ДПМНЕ ја верификуваа и потврдија и странците, вели Ѓорчев.

Тој рече дека Стево Пендаровски во 2002 година не прифатил ниту еден приговор иако биле вперувани пиштоли, се тегнеле жени за коса, а имало и бомба во штабот на ВМРО-ДПМНЕ.

– Зоран Заев излезе пред еден час и се закани, продолжува да се заканува. Нека води сметка дека се заканува на 453 илјади граѓани на Македонија. Народот нема намера да му дозволи на Заев со грст луѓе околу него да ја украде демократски изразената волја на граѓаните на Македонија, рече Ѓорчев.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и Филипче јавно да се оградат и да го осудат говорот на омраза на Сашо Орданоски

А1он

Мерц оптимист пред изборите во Германија: Левицата е готова

А1он

ВМРО-ДПМНЕ реагира на пресот на СДСМ: Лага е дека ќе се вработуваат 3000 лица

Петрушевски: Ако Филипче и СДС не го осудат говорот на омраза на Орданоски кон Трамп и САД тие даваат сигнал дека се согласуваат

ВМРО-ДПМНЕ: Треба добро да се прочешла имотот на дежурните судии кои се на телефонски повик на штабовите на Бихаќка и Мала Речица

(ВИДЕО) Петрушевски: Македонија мора да функционира како правна држава