(ВИДЕО) Ѓорчев до Богоевски: Ова е одмазда зошто Димовски не гласаше за уставните измени

Од:

Вие имате намера да им го загорчите животот на сите кои мислат повеќе од вас. Ова е одмазда кон Љупчо Димовски оти тој не гласаше за уставните измени и промената на името. Ова го истакна пратеникот Влатко Ѓорчев во Собранието каде денеска се расправа за имунитетот на пратеникот Љупчо Димовски кој е под истрага за злоупотреба на службена положба и овластување за периодот додека бил министер за земјоделство шумарство и водостопанство.

„Ние и вие знаеме дека имаше понуда за Димовски да гласа за уставните измени со уцени и закани. Уцената кон Љупчо Димовски беше дека нема да има кривична пријава за него и нема да оди во затвор. Тој реши да ја почитува одлуката на граѓаните и не гласаше за уставните измени, а со тоа да ги сноси одговорностите. Вчера му беше скршена вратата од куќата. Со секој изминат ден сѐ повеќе и повеќе забегувате. Ова е ваша желба и мотив за што побрзо да го ставите во притвор, затоа што ви се спротивставил. Нудевте еден до два милиони евра, нудевте слобода, за да ги вадите таблите каде пишува Република Македонија“, изјави Ѓорчев.

Тој јавно праша, што барал Вицето по домовите на пратениците. Обвини дека на пратеничка ѝ било кажано да гласа за уставните измени, за синот да не ѝ оди во затвор.

Ѓорчев на пратеникот Павле Богоевски му рече дека фразата „Нема правда нема мир“ изгледа како потрошена.

„Секој ден има криминал, а вашите институции не мрдаат со прст. Димовски ако згрешил нешто нека оди на суд. Вие од СДСМ размислете што верифицирате. Вие одите да го ставите во затвор оти не гласал за уставните измени“, истакна Ѓорчев.

По говорот на Ѓорчев, претседателот на Комисијата за мандатно-имунитетни прашања, Павле Богоевски, му посака успешна претседателска кандидатура.

Кристијан Ландов

Би можело да ве интересира

Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот без присуство на мнозинството донесе одлука за одржување Надзорна расправа за трагедијата во Кочани

Пратениците ја изгласаа Фискална стратегија на Република Македонија за 2026 – 2030 година

Горан Наумовски

Змија предизвика хаос во Собранието на БиХ: Поради „небезбедни услови“, седницата беше откажана, наредена е истрага

Алиу и Хоџа се дел од еден важен процес на освежување, вели Мицкоски

На собраниската седница во понеделник ќе се дебатира за новите кадровски решенија на Владата

Безбедносната зона околу Собрание не била за да нема протести, туку заштита од градење на приватни субјекти