Ѓорчев: Децата на притворените чекаат нивните родители да се вратат дома

Од:

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Влатко Ѓорчев од пред Судот изјави дека сабајлево во 5 часот полицијата на брутален начин влегла кај Жаклина Пешевска, Крсто Мукоски, Љубен Арнаудов, Сашо Василевски и останатите, при што со по 20 припадници на МВР ги разбудиле и исплашиле нивните семејства, меѓу кои се наоѓале и малолетни деца.

Тој тврди дека со калашникови, панцири и борбена опрема влегле кај приведените.

Ѓорчев пред насобраните читаше емотивни пораки од семејствата на приведените.

– Луѓето што се внатре во Судот и што одлучуваат за притворените треба да знаат и дека одлучуваат дали ќе бидат запишани на црните страни на македонската историја, рече Ѓорчев.

За крај тој кажа дека ова не е спринт трка, туку е маратон и дека ќе бидат издржливи и на крајот ќе победат.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ