ГИС: Владата да каже кој е инвеститорот на најавената фабрика за отпад во Неготино

Од:

Граѓанскиот инспекциски совет (ГИС) бара Владата јавно да каже кој е инвеститорот на новата фабрика за отпад во Неготино што е најавена како стратешка инвестиција, да го соопшти неговото име, да прецизира каква технологија се планира за овој објект, колку ќе чини и кој ќе гарантира за нејзиното стручно инсталирање и примена.

Владата да информира, бара ГИС, и какво ќе биде влијанието на оваа фабрика врз животната средина во однос на испуштањето гасови, течен исцедок и пепел, дали се планира увоз на отпад или само преработка на домашниот, дали ќе се преработува само комунален или и медицински отпад, каква е временската рамка на изведба на проектот, какви обврски има инвеститорот кон планските региони во однос на управување со отпадот до почнување со работа на проектот, како и колку ќе биде цената на подигање на отпадот во регионот од кои ќе се собира отпадот.

-Во јавноста допреа различни спротивставени информации. Од една страна се официјалните – дека се работи за современ, еколошки и безбеден, веќе применет модел на управување со отпад, а од друга се слушаа критики за кредибилноста на инвеститорот како правно лице, на стручниот советник кој наводно стои зад техничкиот дел од проектот, но и за проектот во целост, изјави денеска координаторката на ГИС, Лилјана Поповска.

Координаторката, пак, на Работната група за отпад, Невена Георгиевска, напомена дека ГИС само бара транспарентност и увид во податоците.

-Тоа се права кои ни следуваат како граѓански активисти. Не сакаме да останат отворени прашања и недоречености за да има шпекулации. Го бараме точното име на странскиот инвеститор. Тоа што го кажаа не може да се најде на интернет поради што има сомнежи кај граѓаните. Затоа бараме Владата да излезе со точно и детални информации во однос и на тоа колку граѓаните ќе ги чини овој проект. Сите сакаме да го решиме проблемот со отпад и за поздравување е тоа што Владата го најави. Но, треба да се каже и во кој временскиот период ова треба да се реалзиира и што до тогаш, рече Георгиевска.

Според неа, дел од граѓанските организации биле поканети на некои од презентациите, но не сите.

-Затоа бараме овие информации да бидат од Владата. На едно место беше спомнато комунален отпад, а потоа беше кажано и медицински отпад. И во однос на технологиите, се вели дека е иста фабрика како Топларна – Целје, но се спомнуваат и други технологии. Поради тоа, сакаме точни информации од Владата, подвлече координаторката.

Работната група иницирала средба со фирмата од Неготино заради добивање подетални информации во врска со проектот. Најавено е, како што рече Георгиевска, дека средбата ќе се одржи во август.

Премиерот Зоран Заев на јавната дебата што се одржа пред десетина дена рече дека фабриката за управување со отпад во Неготино ќе придонесе за санирање на дивите депонии и дека нема да претставува никаква закана за почвата, водата и воздухот. Во постапката за изградба, пак, најави Заев, ќе бидат спроведени сите законски обврски и ќе бидат запазени сите пропишани стандарди за заштита на животната средина.

Би можело да ве интересира

Починато бебе донесено во неготинската болница, телото на обдукција

Апсења во неколку градови низ Македонија: Предистрага „Синџир“ за дела против јавните финансии

Александар Тодески

Полицијата со детали за сообраќајката во која загина 77-годишен пензионер од Неготино

Изгасени пожарите кај Неготино и Демир Капија – гасеа и авион на ДЗС и хеликоптер на МВР

А1он

Семејно насилство: Со нож и се заканувал на сопругата и на нејзиниот татко

Сообраќајка во Неготино: Изгуби контрола и со моторциклот удри во куќа