Гир: Заеднички интерес е меѓувладината конференција да биде закажана што порано

Од:

Евроамбасадорот во Северна Македонија Дејвид Гир, денеска на прес-конференција рече дека тоа што треба сега да се направи е да се усвои преговарачката рамка за земјава и да се најде датум за поскорешно одржување на меѓувладината конференција меѓу земјава и Европската Унија. Се разбира во наш и во ваш интерес е овој датум да биде закажан што порано, рече Гир.

-Во март минатата година сите 27 земји-членки на ЕУ тогаш одлучија дека Северна Македонија е подготвена да ги започне пристапните преговори со Европската Унија. Тогаш таа одлука беше донесена, а тоа што сега треба да се направи е да се усвои преговарачката рамка за вашата земја и да се најде датум за поскорешно одржување на меѓувладината конференција меѓу вашата земја и Европската Унија, истакна Гир, додавајќи оти и од заеднички интерес е овој датум да биде закажан што порано.

Според него, сето тоа одзема време, но најважно е, како што рече, дека перспективата за евроинтеграцискиот процес на земјава не се доведува во прашање.

-Она што е најважно е вашата земја да продолжи на реформскиот пат и да го направи тоа што е можно побрзо затоа што тоа не е во интерес само на ЕУ, туку е во интерес на граѓаните на Северна Македонија. И се разбира дека е исклучително важно и да се продолжи дијалогот со Бугарија, што ќе биде во духот на Договорот за добрососедство. Во овој момент не е прашање дали РСМ ќе ги отпочне преговорите со ЕУ, туку прашањето сега е само кога, подвлече Гир.

Претходно, висок дипломатски извор на ЕУ, кој ги брифираше дописниците во Брисел утрово, порача дека бугарската блокада поради билатерален спор со Северна Македонија ја фрустрира цела Европска Унија, јави дописничката на МИА од Брисел. И покрај сите дипломатски обиди, Бугарија не попушта за непринципиелното вето што ѝ го поставува на Северна Македонија за билатерални спорови, поради што целата дискусија за проширувањето на ЕУ кон Западен Балкан е отстранета од дневниот ред на министрите за европски работи утре во Брисел. Ова ја вклучува и Албанија која се надеваше на некаков напредок во однос на својата преговарачка рамка со ЕУ.

Би можело да ве интересира

ЕУ: Не е јасно каква игра игра Украина

Анкета: Младите Срби сакаат влез на земјата во Европската Унија – повеќето граѓани над 60 години се противат

А1он

ЕУ ја обвини Русија дека му помага на Иран во нападите врз САД

Маслеников: Европската Унија продолжува да го саботира мировниот процес во Украина

Горан Наумовски

Ракетниот дострел на Иран е закана што се наѕира над европските престолнини

ЕУ: Ќе најдеме начин да ѝ обезбедиме кредит на Украина и покрај противењето на Унгарија