Гир: Потребни се напори и од Скопје и од Софија за развивање на добрососедските односи

Од:

Евроамбасадорот во земјава Дејвид Гир истакна дека и двете страни, и Северна Македонија и Бугарија, треба да вложат подеднакви напори за развој на добрососедските односи.

-Потребни се напори и преземање обврски од двете страни, во добра волја за да се развијат овие позитивни односи, и двете страни да направат напори за имплементација на Договорот за добрососедство, за тој да се имплементира во добра волја за да има корист двете страни, рече Гир во одговор на новинарско прашање на отворањето на Јуроп хаус во Битола.

Тој рече дека сите земји имаат корист од развој на добрососедските односи во контекст на развивање на економијата, креирањето на нови работни места, културата и целото општество.

-Она што е најважно е дека сите страни треба да направат се што е можно се со цел да се креира атмосфера тие односи да бидат попродуктивни и покорисни колку што е можно повеќе.

Според него, во контекст на Договорот за стабилизација и асоцијација, којшто е првиот договор за односи со ЕУ, и во контекст на пристапните преговори, како што рече, секогаш е од огромна важност да се развиваат добри релации во контекст на добрососедски односи.

-Она што сакаме ние да видиме е оваа земја да биде оценета врз основа на напредокот што ќе го постигне во процесот на реформи и сите напори треба да се фокусираат на тоа, на креирање работни места, развој на енергетскиот сектор, животната средина, владеење на правото, она што директно влијае врз животот на граѓаните, заклучи Гир.

Би можело да ве интересира

Адеми – Гир: Активностите на Врховниот суд се добар пример за целото судство

Гир: Во Брисел нема волја за менување на Преговарачката рамка

Гир: Преминот „Маркова нога“ е инвестиција која ќе придонесе за развој на меѓуграничниот регион

Гир: Македонија порешително да се движи кон евроинтегративниот пат

Средба Димитриеска Кочоска-Гир: Континуитет во поддршката од ЕУ, МФ ќе го искористи искуството за спроведување на реформскиот план

Гир и Дрекслер се надеваат на продолжување на дијалогот со новата Влада, по изјавите на Мицкоски дека амбасадорите се мешаат во внатрешните работи