Муртезани за гафот со евроамбасадорот: Ова се случува кога си обожавател на Ричард Гир

Од:

Ова се случува кога си обожавател на познатиот актер Ричард Гир, напиша министерот за европски прашања Орхан Муртезани на „Фејсбук“ откако вчера по средбата со евроамбасадорот Дејвид Гир во изјава за медиумите направи гаф и рече дека имал успешна средба со амбасадорот на европската делегација Ричард Гир.

Во изјавата, Муртезани рече дека го уверил евроамбасадорот дека земјата осанува посветена на европската агенда што, како што посочи, се потврдува и со Програмата на Владата.

– Препораките и сугестиите на нашите стратешки пријатели ги слушаме со големо внимание, а доказ за тоа се брзите конкретни чекори на новата Влада во однос на усвојување на реформската агенда, рече Муртезани.

Тој информираше дека на првата владина конститутивна седница Владата ги задолжила сите министерства, заклучно со 4 јули да ги достават сите евентуални забелешки и препораки во однос на реформската агенда.

Би можело да ве интересира

Како Влада сме спремни за суштински дијалог со Бугарија, вели Муртезани

Адеми – Гир: Активностите на Врховниот суд се добар пример за целото судство

Муртезани: Земјава се соочува со неискористени ИПА средства

Гир: Во Брисел нема волја за менување на Преговарачката рамка

Гир: Преминот „Маркова нога“ е инвестиција која ќе придонесе за развој на меѓуграничниот регион

Гир: Македонија порешително да се движи кон евроинтегративниот пат