Гинис во Собрание: Три часа дискутираше и повторно Џафери е недокажан

Од:

Талат Џафери, координаторот на пратеничката група на ДУИ, денеска го урна собранискиот рекорд. Цели три часа дискутираше за  законот за бранителите.

Во желба да ги убеди колегите дека не треба да гласаат за законот, или да ја разубеди коалициската ВМРО-ДПМНЕ за да го повлече законот,  ги цитираше буквално сите членови од Уставот, од преамбулата на Уставот и од Охридскиот договор.  И се со цел да докаже  зошто законот е противуставен.

И не успеа да се доискаже во тие  180 минути говор. Во 18 часот, според  договорот, седницата беше прекината, a Tалат Џафери остана недокажан.

Утре седницата на комисијата  продолжува повторно со неговата дискусија.

ДУИ веќе изјави дека со сите средства ќе се борат за да не се донесе Законот за бранители.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Гаши не го почитува Деловникот, бранителите ќе извисат поради желбите на ВЛЕН

ДУИ: ВМРО го принуди Влен да го поддржи Законот за бранители

Мицкоски: Бранителите ја имале, ја имаат и ќе ја имаат мојата недвосмислена поддршка

Горан Наумовски

Игор Димески: Левица ќе направи сè, за да се институционализираат барањата на бранителите од 2001

А1он

Тошковски ги посети семејствата на загинатите бранители кои престојуваат во одмoралиштето на МВР во Пониква

А1он

Ангелов: Со Предлог законот за бранители да се обесштетат семејствата на загинатите бранители

Горан Наумовски