Гинекологија блокирана поради долг од 410.000 евра

Од:

Клиниката за гинекологија и акушерство од понеделникот е со блокирана сметка поради неисплатената оштета на повеќе семејства кои ја тужеле установата затоа што нивните деца, родени во 2008 година, останале слепи поради ненавремено дијагностицирање на ретинопатија.

Од Клиниката за гинекологија и акушерство велат дека во тој период не постоела програма за соработка на Клиниката со очен лекар кој требало да доаѓа и да ја дијагностицира состојбата со новороденчињата.

-Станува збор за оштетувања на видот кај новороденчиња родени со исклучително мала телесна тежина и голема незрелост. Дојдена е извршна пресуда од 40.974.561 денари, сума на процеси од пред 10 години која сега би требало одеднаш да се плати, информираат од ГАК.

Блокирањето на сметката доаѓа во период кога ГАК спроведува кампања за собирање донации, што предизвика реакции и загриженост кај граѓаните кои на социјалните мрежи негодуваа што Јавно здравствена установа, финансирана од државниот буџет, собира пари од граѓани и компании. Од Клиниката велат дека станува збор за кампања која се спроведува од ноември минатата година и исклучуваат поврзаност со актуелната финансиска состојба на установата.

– Потенцираме дека собраните средства ќе бидат наменети за набавка на нова опрема, опрема која или застарела од изминатите 10 и повеќе години или опрема која не сме ја поседувале. ЈЗУ У ГАК во моментот располага со доволно ресурси за нормално функционирање и во најкус можен рок ќе ја надмине новонастанатата состојба, додаваат од Клиниката за гинекологија.

Би можело да ве интересира

Викторија Јовановска останува директорка на Клиниката за Гинекологија

Орце Костов

Раката на бебето повредено на ГАК е имобилизирана, првична проценка на Комисијата е дека нема стручна грешка

ВМРО-ДПМНЕ: Три скандали на Гинекологија за една недела, никогаш не било полошо

Почина родилка од Делчево на комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје

Горан Наумовски

Бебето Едон родено со 940 грама си замина дома по 77 дена поминати на ГАК

Почина родилката која скокна од првиот спрат на ГАК, неколку дена по породувањето