Педесетина гевгелиски гимназијалци од паралелките во втора, трета и четврта година учествуваа на дводневната тренинг симулација на тема „Визии и желби за Европа-модел на иднината на Европа“, која се одржа во Гевгелија.
Според организаторите од фондацијата „Конрад Аденауер“ од Скопје симулацијата ја постигнала главната цел која била насочена кон запознавање на учениците со работата и функционирањето на Европската унија и нејзините институции.
Седум ученици со најдобри апликации од гевгелиската тренинг симулација ќе учествуваат на завршната конференција во Маврово со други ученици од земјата, кои ќе добијат меѓународни сертификати за учество на тренинг симулацијата.