Американскиот претседател Доналд Трамп вчера објави на социјалните мрежи најостра порака до Иран, заканувајќи се со катастрофални напади ако не се отвори Ормутскиот теснец.
„Вторник ќе биде ден на електрани и мостови, сè во едно, во Иран. Нема да има ништо!!! Отворете гo е*аниot теснец, луди копилиња или живејте во пеколот“, напиша Трамп.
Тоа е ескалација на реториката пред рокот што Иран си го постави за повторно да го овозможи сообраќајот преку клучна поморска рута за светската нафта. Иранската амбасада во Зимбабве кратко одговори на објавата на Трамп: „Ги изгубивме клучевите“.
We’ve lost the keys.
— Iran Embassy in Zimbabwe (@IRANinZIMBABWE) April 5, 2026
Трамп претходно постојано се закануваше дека ако Иран не попушти, ќе ја таргетира цивилната инфраструктура како што се електрани и мостови, што предизвика критики од некои политичари и експерти за можно кршење на меѓународното право.
Изјавите доаѓаат во време кога војната меѓу САД, Израел и Иран влегува во својата петта недела, со зголемени напади врз енергетски и транспортни цели во регионот.
Ормутскиот теснец е еден од најважните светски патни правци за превоз на нафта, низ кој минува голем дел од глобалното снабдување со енергија. Откако започна војната, сообраќајот е драстично намален, а нападите и заканите дополнително ги дестабилизираа пазарите и ги зголемија цените на енергијата.
