Иран и медијаторите разговараат за 45-дневно примирје, објави Axios

Од:

САД, Иран и група регионални медијатори разговараат за условите за потенцијален 45-дневен прекин на огнот што би можел да доведе до траен крај на војната, објави Аксиос, повикувајќи се на четири американски, израелски и регионални извори запознаени со разговорите.

Ројтерс не можеше да ја потврди веста, бидејќи Белата куќа и американскиот Стејт департмент не одговорија веднаш на барањата за коментар.

Според Аксиос, медијаторите разговараат за условите на двофазен договор, при што првата фаза е потенцијален 45-дневен прекин на огнот во текот на кој би се преговарало за траен крај на војната. Втората фаза би била договор за прекин на војната.

Прекинот на огнот би можел да се продолжи доколку е потребно дополнително време за разговори. Американскиот претседател Доналд Трамп вчера изјави за Волстрит журнал дека во вторник вечерта е неговиот рок за Иран да го отвори Ормутскиот теснец или да се соочи со напади врз критичната инфраструктура.

„Ако не направат нешто до вторник вечерта, нема да имаат повеќе електрани и нема да имаат повеќе мостови“, изјави Трамп за „Wall Street Journal“.
.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Трамп го одби планот, Иран повикува на дипломатија

Аракчи: Иран ќе започне со отворање на Ормутскиот теснец штом Вашингтон го прифати предлогот

А1он

ВИДЕО: Четворица малолетници го запалиле македонското знаме, се пофалиле на ТикТок

САД ја одбија понудата на Иран за повторно отворање на Ормускиот теснец: „Не го контролирате“

ВИДЕО: Трамп се закани дека ќе го „уништи“ Иран во говорот пред ОН, додека претставници на двете земји се сретнаа во Њујорк

Трамп најави крај на војните во Иран и Украина

А1он