Ги успал со кафе и им украл 3.500 евра

Од:

Сопружниците пронајдени на Галичица биле успиени, ограбени и оставени на планината. Против двајцата осомничени, 37-годишни охриѓани со иницијали Г.П., поднесени се кривични пријави. Второпријавениот е во бегство, и полицијата трага по него.

Според портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски, разбојниците на социјалните мрежи поставиле оглас за продажба на патничко возило „мерцедес ЦЕ 220“ произведено во 2002 година по цена од 3.500 евра. Огласот бил привлечен за брачната двојка, па тие се упатиле кон Охрид.

По пристигнувањето, на автобуската станица биле пречекани од сега првоосомничениот. Тој, претставувајќи се под лажно име Сашо, сопружниците ги одвел во неговиот стан.

Им рекол дека возилото ќе го донесе неговата сопруга, која набрзо треба да дојде дома. Им сварил кафе и ги почестил со минерална вода, по што сопружниците почувствувале зашеметеност.
Со целосно загубена меморија, неколку часа подоцна, тие се разбудиле на трева во планински предел, не сеќавајќи се како од станот во Охрид стигнале дотаму.

Жената забележала дека од чантата и биле одземени 2.800 евра и 58.000 денари. Нејзиниот сопруг се јавил во СВР Охрид, по што биле пренесен во Општата градска болница.

Констатирано било дека се работи за употреба на средство за успивање и забележани се траги на насилство. Нанесени им биле набиеници во пределот на градниот кош, главата и екстремитетите.
Второпријавениот, кој е во бегство, имено купил инстант нес-кафе и кисела вода и му ги дал на првопријавениот. Потоа се сокрил во подрумот на зградата и чекал првопријавениот, со моторно возило, да ги одведе на Галичица двајцата сопружници.

Кога полицијата извршила претрес во станот на охридската улица „Мирче Ацев“, одземени биле повеќе предмети, кои биле испратени на вештачење во МВР.

Би можело да ве интересира

Лишен од слобода 49-годишник од Охрид, при претрес пронајдени дрога и пари

Уапсени се шест возачи за безобѕирно возење, дел од нив беа пијани или возеа во спротивна насока

Горан Наумовски

Уапсен е Марко Кричак, еден од најмоќните луѓе во српската полиција

Терористички напад во Белград во близина на израелската амбасада: Дачиќ прогласи ЦРВЕН степен на опасност од тероризам

Франција на улиците испраќа воена единица формирана по терористичките напади во 2015 година

Бесот поради скапите станови ескалира во Португалија: Судири со полицијата, приведени десетици демонстранти

Предраг Петровиќ