Ги нема гужвите од претходните денови на охридските плажи, наплив на туристи повторно во претстојниот викенд

Од:

Охридските плажи и градот делумно се испразнија по викендот кога имаше илјадници туристи, а ретко се наоѓаа слободни сместувачки капацитети. Сега, слободно место и лежалки, оддалечени едни од други според препораките за заштита од коронавирусот, може да се најдат и на плажата Градиште 2, каде викендов немаше место ниту за разминување.

На плажата, по 500 денари се наплаќаат креветите поставени покрај крајбрежјето, а 250 денари чинат лежалките кои од рано изутрина се изнајмени од посетители.

Посетеноста е слична и на останатите плажи кои се во склоп на кафетерии, хотели, ресторани.

Скоро на сите, има туристи, но нема гужви и турканици како што беше случај претходно. Но и натаму не се внимава на групирањето, па можат да се забележат и по цели друштва кои не одржуваат дистанца, ниту пак, носат заштитни маски за да се заштитат од вирусот.

На градските плажи и натаму нема кој да одржува ред и да ги опоменува граѓаните кои не ги почитуваат мерките кои се задолжителни. Таму, ако има гужва на крајбрежјето, пешкири, но и маски и столици се поставуваат во тревниците. Таква плажа е „Горица 3“, односно поранешната плажа „Немо“.

Поголем наплив на туристи се очекува за време на претстојниот продолжен викенд, кога повторно, најголем дел од туристите ќе бидат во Охрид, а сместувачките капацитети се веќе резервирани.

Претходно, охридските плажи беа преполни, а посетителите оставаа впечаток дека не се плашат од вирусот имајќи во предвид дека не одржуваа дистанца, не носеа маски кога се групираа и поставуваа пешкир до пешкир, лежалка до лежалка.

Гужвите и непочитувањето на мерките останаа неказнети од Пазарниот инспекторат, од каде велеа дека иако постапувале според законите и прописите, не казниле никого бидејќи толкави им биле ингеренциите.

Би можело да ве интересира

Влатко Сулев: Туризмот е најдобриот амбасадор на нашата култура и традиција

Обид за убиство во Охрид: Скопјанец со нож сакал да убие познаник

Уапсен маж осомничен дека предизвикал пожар, кај него е пронајдена запалка тврди полицијата

Охридскиот регион остана под заштита на УНЕСКО, ќе се ангажира фирма која ќе ги урне дивоградбите во Охрид, рече Мицкоски

Љутков: Извештајот на УНЕСКО за Охрид се однесува токму на периодот на владеење на СДСМ и ДУИ

СДСМ: Охрид е на чекор од губење на статусот на заштитено светско наследство