(ВИДЕО) Ги натепале во 19:30 часот, пријавиле после полноќ: Детали за тепачката во Куманово

Од:

Двајцата кумановци кои вчера беа натепани во центарот на Куманово случајот го пријавиле во полиција после полноќ. Од МВР за А1он велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот, но нема информација за што настанала тепачката.

„На 20.11.2023 во 00:15 часот во СВР Куманово, Р.Н. (33) од Куманово пријавил дека на 19.11.2023 околу 19:30 часот на ул. Маршал Тито, тој и Н.М. биле физички нападнати од две лица“, велат од МВР.

Видеото од нападот почна да се шири на социјалните мрежи синоќа, а на него може да се види како две лица удираат боксови и ги влечат Р.Н. и Н.М. од автомобилот, а потоа сите си влегуваат во своите возила и си заминуваат.

Би можело да ве интересира

Голема полициска акција во Куманово: Апсења и претреси поради изнуда, лихварство и перење пари

Обвинителството бара притвор за 20-годишник кој нападна дете од спротивната навивачка група пред „Јане Сандански“

Горан Наумовски

МВР: Расчистено e вчерашното насилство пред кошаркарскиот натпревар во Скопје, поднесена е кривична пријава по брза постапка

Горан Наумовски

Битолчанка и Естонец измамиле стотици граѓани со лажна инвестициска платформа

(ВИДЕО) Полицијата го казни возачот кој со автомобил возеше по велосипедска патека во Скопје

А1он

Тошковски од САД: Најсовремените светски технологии и искуства во функција на поголема безбедност на граѓаните во Македонија

А1он