Академикот скулптор Томе Серафимовски кој жестоко го критикуваше чинот на лустрација на Славко Јаневски денеска беше прогласен за соработник на службите. Истиот овој академик беше и на отворањето на првата читална во општина Центар која го носи името на писателот Славко Јаневски. Неодамна овој академик го критикуваше и проектот Скопје 2014.
Серафимовски го има изработено споменикот на Славко Јаневски во паркот Жена Борец во Скопје. И тој и сите академици бурно реагираа на прогласувањето на Јаневски за соработник на службите.
Тоа според нив беше обид да се обезвредни МАНУ и еден од творците на современиот македонски идентитет.
Денеска беше лустриран и поранешниот директор на УБК кој веќе е во притвор за финансиски малверзации. На ред за лустрација е уште еден академик, писател, а точката за неговото досие е поместена за наредната седница.