Ги криеја регистарските таблици – полицијата приведе двајца скопјани, а возилата им се одземени

Од:

МВР информира дека уапси двајца скопјани на подрачјето на Центар и Бит Пазар во рамки на акциската контрола која беше реализирана во периодот од 19:00 часот на 13 февруари, па се до 03:00 часот утринава.

Беа проверени 24 лица, извршен беше преглед на 17 лица и контрола на четири возила.

Во текот на контролата биле констатирани седум сообраќајни прекршоци, а две возила се одземени согласно член 378 и член 380 од Кривичниот законик.

Како што информира полицијата, лишени од слобода се С.С. и М.А., кои управуваа патнички возила „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, поради основано сомнение дека сторија кривични дела поврзани со прикривање на регистарските ознаки.

Дополнително, констатиран е и еден прекршок по член 80 од Законот за оружје.

Од СВР Скопје најавуваат дека засилените акциски контроли ќе продолжат и во наредниот период.

Би можело да ве интересира

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари

Клековски: Има злоупотреба кај секое петто боледување во МВР

Анакиев доби 30 дневен притвор

Предраг Петровиќ

Во тетовско Џепчиште уапсен 15 годишник за закани со убиства и поставување бомби

Полицијата интервенираше: Пет лица се поврзани со случаи на семејно насилство

Горан Наумовски

МВР: За две недели поднесенa e 21 кривична пријава за семејно насилство

Горан Наумовски