Гевгелиската вода и понатаму со висока концентрација на арсен

Од:


Три години арсенова судбина за гевгеличани

Во тек е 36-от месец откако Агенцијата за храна и ветеринарство ја забрани за употреба водата од градскиот водовод во Гевгелија.

Денеска август 2015 после три години од забраната, објавуваме дека арсенот е се’ уште меѓу нас. Последните анализи на примероци од вода од градскиот водовод во Гевгелија укажуваат на присуство на 78,6 % ниво на арсен повеќе од дозволеното според стандардите на Светската здравствена организација.

Без обезбедена алтернатива за користење на здрава вода од страна на надлежното Јавно комунално претпријатие и Советот на Општина Гевгелија, како негов основач, гевгеличани се впуштија само да бараат чаре да се заштитат од арсенот кој го добиваат преку градската водоводна мрежа. Почнаа да ги користат природните извори кај Негорските минерални Бањи и природната чешма кај село Конско.

Анализите што ги направи Граѓанската инизијатива „АРСЕНА“ која единствено на подрачјето на општината квартално излегува јавно со податоци за квалитетот на водата во Гевгелија, иако тоа е законска надлежност на Јавното комунално претпријатие, укажуваат дека и водата од Негорските минерални Бањи е неупотреблива за пиење. Според резултатите од стручната анализа извршена во Институтот за јавно здравје на Република Македонија, кое работи под надлежност на Министерството за здравство, водата од Бањите има зголемено присуство на флуориди и како таква не е препорачлива за пиење. Ова со свој потпис и печат го потврдува Професор Д-р Михаил Кочубовски, специјалист по хигиена.

Единствено природната чешма кај село Конско е со квалитет кој ОДГОВАРА на законските и стручни прописи, но како природен извор препорачливо е да се врши редовна дезинфекција на водата за да може да се користи како вода за пиење.
Што е заклучокот од трите анализи кои ги презентираме денес.

Дека:

Концентрацијата на арсен во гевгелиската вода не спаднала под дозволеното ниво од 10 микрограми на еден литар вода и со концентрација од 78,6 % повеќе арсен од светските стандарди претставува вистински отров кој тече низ чешмите во секое домаќинство во Гевгелија и населените места кои се корисници на водоводниот систем од Гевгелија и бунарите кај Моин.

Дека, Користењето на алтернативните приридни извори се исто така непрепорачливи од Институтот за јавно здравје на РМ бидејќи не се професионално третирани, односно прочистени,

Дека, водата од природниот извор кај Негорските Бањи е неупотреблива за пиење заради зголемено присуство на флуориди, кои над дозволената граница се штетни за организмот на човекот поради зголемен ризик од развој на коскена флуороза кај децата и возрасните, при што се нарушува структурата на коскенато супстанција и коските стануваат кршливи и ронливи.

Гевгеличани,

Како што гледате, и трчањето на полнење туби за да се спасите од арсенот кој е причинител на сите видови малигни заболувања – НЕ Е РЕШЕНИЕ.

Никој не Ве известил за квалитетот и безбедносниот карактер на водата од природните извори, дали е таа третирана, дезинфицирана и дали нема ризици од нејзиното користење. Еве, од направените анализи од Институтот за јавно здравје се гледа дека ризици има.

Затоа, уште еднаш ги повикуваме на одговорност, и професионална , и законска, надлежните институции по прашањето на водата во Гевгелија и безбедносниот карактер за нејзина употреба од граѓаните, а тоа се Јавното комунално претпријатие „Комуналец“ и Советот на Општина Гевгелија, кое и по три години не посвети ниту една точка на дневен ред за квалитетот на водата што ја добиваат гевгеличани во своите домови.

Ние не сакаме арсенова канцерова бомба да тече низ нашите чешми. Решете го проблемот, зошто последиците веќе се видливи според здравствената карта на Општината и бројот на смртни случаи од заболени од неоплазми, од кои не се поштедени ниту најмладите.

За последните анализи на примероци вода од гевгелискиот водоводен систем официјално ќе ги известиме надлежните локални и републички тела со цел да се превземат законските мерки, ако треба и законските одговорности и санкции по непостапувањето за здравствената безбедност на гевгеличани од користењето на вода со отровниот металоид – арсен.

Би можело да ве интересира

АРСЕНА го одбележа Меѓународниот ден за семејството со барање за чиста вода

Наум Локоски

Герила акција: Нови бунари на Вардар

Емир Латифовиќ

Жителите на Моин: Зошто да го плаќаме отровниот арсен во водата

„Арсена“ промовира документарец за отровот во гевгелиската вода

Емир Латифовиќ

Арсенова лимонада поделена на ГП „Богородица“

Емир Латифовиќ

Арсеновиот столб на вистината промовиран во Гевгелија