Гевгеличанец шверцувал мигранти од Сирија и Пакистан

Од:

Вчера полициски службеници од полициската станица за граничен премин и граничен надзор Стар Дојран го уапсиле П.К.(26) од село Јосифово, валандовско.

Околу 2.40 часот на магистралниот пат, делница Марвинци – Удово, кај место викано „Калковска река“, полициските службеници забележале како од неговото возило „БМВ“ излегле мигранти, по што се дал во бегство.

Набргу, тој бил пронајден и уапсен, а биле пронајдени и 12 лица мигранти (девет од Сирија и три од Пакистан), кои биле спроведени во Прифатниот транзитен центар „Винојуг“ во Гевгелија.

П.К. бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Би можело да ве интересира

Турски државјанин шверцуваше мигранти со возило

Шест мигранти затекнати во автомобил, возачот заврши во полициска станица

Горан Наумовски

Србин фатен со мигранти на автопатот кај Гевгелија

ВИДЕО: Трагедија во Грција: 15 мигранти загинаа во судар на чамец и патролен брод

Левица: ДПМНЕ со увоз на евтина работна сила ја блокира борбата за повисока минимална плата

Предраг Петровиќ

Седум големи магацини во САД ќе се таканаречени центри за подготовка за депортација на 80.000 мигранти

Горан Наумовски