Гевгеличанец лажел дека е полицаец и дека е роднина на повреден од Кочани

Од:

На подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од СВР Скопје го уапсија Б.Т.(46) од Гевгелија, постапувајќи по претходна пријава од 52-годишна жена дека ја измамил за сума од 3.000 денари.

Според пријавеното, тој се претставил како полициски службеник и роднина на повредено лице од Кочани, кое било во клиника во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ и дека бил сместен во згрижувачки дом на подрачјето на Гази Баба, при што од неа побарал пари за да купи спрејови за роднината.

Како што е пријавено, таа му дала пари, но откако не приложил фискална сметка, сфатила дека била измамена.

Од полицијата велат дека по целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.

Би можело да ве интересира

Лажен лекар од Дојран олесни пензионерка од Кавадарци за речиси 5.000 евра

Горан Наумовски

Лажниот лекар „дере“ низ Битола: Од новата жртва зема 9.600 евра

32-годишна жена од Тетово плати 3.000 евра за измислена работна виза

Горан Наумовски

Лажен лекар измами жена за 3.000 евра

Интернет измама со ликот на вицепремиерот Мали: Не наседнувајте на страници што ветуваат лесна заработка!

А1он

Силниот ветер однесе лимена конструкција покрив на училиште во Гевгелија

Катерина Ѓуровски