Гевгеличанец ја натепал испитната комисија за возачка бидејќи ја бутнале неговата сопруга.
Вчера околу пладне двајца гевгеличани од гевгелиското село Стојаково ја истепале комисијата на испитниот центар Ас Струмекс, бидејќи ја бутнале сопругата на едниот од нив.
Жената го полагала практичниот дел од испитот, но не поминала. Сопругот револтиран ја истепал комисијата. Членовите на комисијата кои биле нападнати со тупаници, поради сериозноста на повредите завршиле во болница.
Случајот е пријавен во полиција. Против Гевгеличанецот ќе следи соодветна пријава.