Германско МНР: Добро е што Иванов повеќе не го блокира фомирањето влада

Од:

Прес-службата на Министерството за надворешни работи на Германија попладнево излезе со реакција во врска со ситуацијата во Република Македонија.

– Добро е што претседателот Иванов попушти и повеќе не го блокира формирањето на новата влада. Оваа одлука долго се очекуваше и конечно го рефлектира исходот од изборите 2016 година во Република Македонија, се вели во изјавата дистрибуирана од германското МНР.

Германското МНР ги повикува сите актери во Скопје сега да работат заедно и конструктивно во преговорите за создавање на престојната владина коалиција.

– Македонците не заслужиле на нивниот грб да се играат политички игри. Тоа што на земјата и е потребно и што граѓаните оправдано го очекуваат е брзо формирање на нова влада која што брзо ќе се вклучи во опсежната имплементација на „Договорот од Пржино“ и на другите итни реформски приоритети. Длабоките реформи се неопходни за да се овозможи продолжување на македонскиот пат кон евроинтеграциите. Германија ќе продолжи да ја поддржува земјата на овој пат, се вели во пораката од германското МНР во врска со состојбите во Македонија.

Би можело да ве интересира

Мерц: Нема да дозволиме AfD да ни ја уништи земјата

Германски генерал: Светот се распаѓа по рабови – ако е во можност, Путин ќе употреби воена сила врз Европа

А1он

Харт: Берлин е против територијални компромиси во Украина

Украинците ги обучуваат германските копнени сили

Германските „Еурофајтери“ и се приклучуваат на арктичката мисија

Германската влада ги повика своите граѓани: „Итно напуштете го Иран“