Германските социјалдемократи: Заев да размисли за оставката, да остане премиер и партнер на ЕУ

Од:

„И покрај направените компромиси, во прв ред промената на името на земјата, тој не успеа, не по негова вина, да направи значителен напредок кон процесот на проширување на ЕУ. Јас лично посакувам Зоран уште еднаш да размисли за својата одлука, и барем да остане на функцијата премиер и партнер“ истакна надворешнополитичкиот гласноговорник на пратеничката група на германските социјалдемократи Нилс Шмид.

Како што пренесува „Дојче веле“, Шмид апелира до Заев да размисли за повлекување на оставката на премиерската функција, додека на партиско ниво очекува да продолжи блиската соработка меѓу двете партии и со евентуалниот нов лидер. Смета дека оставката ќе има реперкусии и врз процесот на проширувањето на ЕУ во регионот.

Тој додаде дека нема разбирање кога една земја како Бугарија, од националистички мотиви веќе две години го блокира почетокот на пристапнтие преговори со ЕУ.

„Тоа е фатален сигнал за кредибилитетот на ЕУ во регионот. Зоран Заев го стави своето политичко делување во служба на приближувањето кон ЕУ. Тоа не беше соодветно наградено од сите. Затоа тие не можат да се ослободат од одговорност. Притоа, во иднина ќе биде многу потешко да се постигне решение со преговори“ кажа Шмид.

Според него, оставката на премиерот Заев е лоша вест за реформските напори во земјава, но и за иднината на целиот европски проект.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: И СДСМ ќе го блокира Изборниот законик, Филипче вели дека отвора врата за изборна кражба

Димитриевски: СДСМ е друштво во стечај, координирано од Струмица, а ликвидаторот е Венко Филипче

Буџетот е празен – нема да има пари за пензии, загрозен е и вториот столб

СДСМ: Мицкоски прави ЗНАМ 2.0 – Театар со караван додека се делат тендери

СДСМ: Нов скандал во Владата – Јанушев поврзан со фирма во Бугарија?

СДСМ: Кочоска призна дека во буџетот нема пари, ќе има ли за плати и пензии?