Претседателот на Германија Франк-Валтер Штајнмајер утре и в среда ќе биде во посета на земјава па Министерството за внатрешни работи информира дека во главниот град ќе има посебен режим на сообраќај.
– На 29.11. и 30.11.2022 (вторник и среда) во официјална посета на Република Северна Македонија ќе пристигне делегација предводена од Претседателот на Сојузна Република Германија. Од тие причини, СВР Скопје ќе превземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на поширокото централно подрачје на град Скопје, се вели во соопштението од МВР.
МВР апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат униформираните полициски службеници.