Германскиот државен министер Михаел Рот в понеделник во Македонија

Од:

Државниот министер, надлежен за Европа, во Министерството за надворешни работи на Германија, Михаел Рот на 1 и 2 февруари ќе ја посети Македонија, соопшти Германската амбасада во Скопје.

– Тој ќе се информира за внатрешнополитичката состојба, како и за бегалската проблематика. Предвидени се разговори со претставници на Владата и опозицијата, граѓанското општество и невладини организации, кои се активни во областа на човековите права, поддршката за бегалците, Ромската популација и ЛГБТИ-заедницата во Македонија, стои во соопштението.

Предвидено државниот министер Рот да учествува и на јавна дебата со студенти од Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ Скопје.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Пожар уништи дискотека во Германија, 750 посетители успеаја да избегаат

Германија ја повлекува поддршката за Израел во случајот за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата

Мерц: Долготрајната војна не е во интерес на Германија

МНР: Почнува евакуацијата на македонските државјани од Блискиот Исток со чартер-летови

Горан Наумовски

МНР: Се подготвува евакуација на македонски граѓани од Израел

МНР предвиде 60 милиони денари трошок за евакуација на македонските граѓани од Блискиот Исток

Горан Наумовски