Германски пратеници: Штетна е злоупотребата на популизмот и националните теми во Македонија

Од:

Претседателот на СДСМ, Бранко Црвенковски имаше одвоени и заеднички работни средби со   пратеници на СПД во Бундестагот,  Гернот Ерлер, Јосип Јуратовиќ, Дитмар Нитан и Ута Цаф.

Овие долгогодишни и истакнати пратеници во Бундестагот се добро упатени за состојбите во нашиот регион, докажани пријатели на Република Македонија и активни креатори на меѓународната политика на Германскиот Парламент.

На средбите, соопштуваат од СДСМ,  акцент бил ставен на последниот Извештај на Европската Комисија во пресрет на исчекувањето на одлуката на Европскиот Самит во врска со датум за отпочнување на преговорите на Република Македонија со Европската Унија.

Било  разговарано за најголемите проблеми со кои земјата се соочува, како нискиот економски стандард, најниското ниво на странски инвестиции, постојаното зголемување на јавниот долг и загрозувањето на слободата на медиумите и изразувањето како базичен критериум врз основа на кој се цени демократскиот развој на секое општество.

„Дополнителна загриженост создава фактот што дуплирањето на јавниот долг на Република Македонија, не е резултат на инвестирање во капитални инфраструктурни објекти, кои би овозможиле во иднина стабилен економски развој, туку на непродуктивни трошоци како спомениците.На средбите беше ставен акцент и на начинот на кој Европската Унија се поставува кон процесот на проширувањето. Беше изразена загриженост за недоволната инволвираност, која најмногу се должи на економската криза, но и на фактот што некои од десничарските Влади во Европа се повеќе го промовираат и го подржуваат евроскептицизмот. За жал, токму овој евроскептицизам е злоупотребен од некои Влади во нашиот регион, со своите политики и постапки да создаваат разни изговори кои се користат како причина за блокирање на процесот на проширувањето“, стои во соопштението.

„Германските пратеници како погрешни и неповолни ги оценија тенденциите на се понагласена злоупотреба на популизмот, националните теми и реторика во политичкиот амбиент на Република Македонија, за сметка на вистинската желба за решавање на сопствените општествени проблеми како демократијата, слободата на медиумите, јавното изразување и економскиот развој што се основни европски вредности.Во разговорите, пратениците ја реафирмираа подготвеноста на СПД во Бундестагот да се посветат на проблемите на Република Македонија во насока на подршка на земјата и СДСМ“, се вели во соопштението на Центарот за комуникации на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Ковачевски го призна поразот: Денешниот резултат е разочарувачки, на СДСМ му е зададен тежок удар

Анита Петровска Рајковиќ

ВМРО-ДПМНЕ 227.944 гласови, СДСМ 77.658 гласови од 63% обработени избирачки места

Орце Костов

ВМРО-ДПМНЕ со голема предност пред СДСМ, покажуваат бројките на партијата

(ВИДЕО) Кузеска од СДСМ: Имавме фер и демократски избори, граѓаните покажаа зрелост

Орце Костов

Четворица тинејџери под истрага за нападот на германскиот пратеник Матијас Еке

Филипче: На 8 мај гласајте за напредок, стабилност и за европска иднина на државата