Гералд Кнаус, германски експерт за евроинтеграции, одговори на денешниот твит на Урсула Фон дер Лајен, која е во посета на Скопје.
„Македонија нема да се движи напред кон членство. Ова не е успех и тоа многу брзо ќе стане јасно”, напишал германскиот експерт додавајќи дека самата ЕУ не покажала посветеност кон своите вредности.