Германската полиција бара македонски државјанин кој регрутирал борци за ИСИС

Од:

Германската полиција рано изутрина влегла во осум објекти во главниот град на Германија кои биле употребувани од страна на радикални исламисти. Во објектите се собирале симпатизери на Исламската држава (ИСИС) кои што најверојатно регрутирале борци за конфликтите во Сирија и Ирак. Еден од објектите бил поврзан со група која што делувала во рамки на џамијата во Темпелхоф кој е регистриран како легален исламски верски објект во Берлин.

Според полицијата,  целта на претресите била група предводена од марокански државјанин на возраст од 51 година кој што се сомничи за потикнување лица за активирање во вооружени исламски групи кои што се борат против режимот на Башар ал Асад. Меѓу осомничените е и еден македонски државјанин кој што не бил затекнат во осумте објекти каде што влегла полицијата. За него се верува дека се наоѓа во Сирија каде што заминал со група радикални исламисти од Германија.

Германската полиција не го објавува идентитетот на македонскиот државјанин и тврди дека осомничените регурутирале борци за ИСИС но оти тие не планирале терористички напади во Германија.

Според полицијата, која што од објектите изнела значителна количина материјали и компјутерска опрема, допрва ќе се истражува дали осомничените направиле криминал според германските закони  кои според казните за поддршка за радикални структури се меѓу највисоките во Европа. Истрагата која што довела до акција на полицијата се водела шест месеци и во неа биле користени и посебни истражни мерки со кои биле покриени десетина лица за кои постои сомнеж дека регрутирале борци за ИСИС. Над 550 германски државјани досега заминале на фронтовите во Ирак и Сирија, а околу 60 од нив ги загубиле животите како членови на радикални исламски групи.

Би можело да ве интересира

По масакрот во Москва, Исламската држава се врти кон Европа и Америка

ИСИС-К планира уште еден терористички напад во следните шест месеци

Исламската држава ја презеде одговорноста за експлозиите во Пакистан

Турција уапси 34 лица поврзани со Исламската држава

Истанбул: Уапсен е експерт за бомби на ИСИС

17-годишник со турско потекло е уапсен во Виена поради планирање терористички напад