Германската левица е против ад-хок укинување на безвизниот режим

Од:

Германската левица е против укинувањето на безвизниот режим за земјите од Западен балкан, меѓу кои и Македонија.

Барањата на владеачката  ЦДУ-ЦСУ  за враќање на визиот режим во Македонија и Србија, од страна на опозицијата и експертите  во Германија се толкуваат како популизам кој загрижува, пишува Дојче веле

„Јас сум строго против барањата на министрите за внатрешни работи. Зголемен е бројот на Роми од Македонија и Србија кои тука доаѓаат, но во најголем број барањата за азил се одбиваат. Ако се погледнат бројките, ќе се види дека Германија како и досега има мал проблем, каков што имаат и многу други земји. Во Грција на пример барателите на азил се за 50 проценти побројни. Но, поради ова и малите внатрешни проблеми што ги имаме во никој случај не смее да им се одземе слободниот визен режим на граѓаните на Македонија и Србија, изјави за Дојче веле, Мариелуизе Бек, пратеник во Бундестагиот од Сојузот 90-Зелени.

Бек потсетувајќи на некогашното слободно движење низ светот на носителите на југословенски пасош, не го крие задоволството што со либерализацијата граѓаните од Балканот долгорочно ги гледа како дел од ЕУ, кои слободно можат да патуваат. Според неа, „неодговорно е што ова значајно достигнување на надворешната политика е доведено во опасност поради кусогледоста на внатрешната политика“. Бек се надева дека ЕУ нема да го прифати барањето со кое, како што оценува, повторно би се разнишала стабилноста на Балканот.

Визната слобода може да се укине, но дипломатски тоа би било сосема погрешно, зашто станува збор за кандидати за членство во ЕУ. Предупредуваат, ако се повлече визната либерализација има опасност земјите кои имаа добиено позитивни оценки од Комисијата повторно да се вратат на старите патеки.

Михаел Хартман, пратеник на СПД, смета дека барањата за укинување на визната либерализација во голема мерка се популистички, но, нагласува, загрижува што иницијаторите можат бараното и да го постигнат. Според него, бројките и не се толку драматични како што некои ги претставуваат, а проблемот нема да се реши со повторно воведување на визите.

 

Би можело да ве интересира

„Ди Велт“: Зеленски влегува во 2026 без конкретна мировна понуда

Грабеж на векот во Германија: Украдени 90 милиони евра од банкарски сефови

Голем грабеж во Германија: Според првичните проценки, украдени се над 30 милиони евра

АфД е обвинета за собирање податоци за Русите

Германец со години ја дрогираше и силуваше сопругата – доби осум ипол години затвор

А1он

Германските власти спречија можен напад, уапсени се пет лица