Германска донација за градинката „Детелинка“ во Крива Паланка

Од:

На неодамнешната средба на делегацијата од општина Крива Паланка на општината Грос Цимерн од Германија, од стрна на градоначалникот на германската општина, господинот Ахим Грим, беше испратена финансика донација за градинката Детелинка од Крива Паланка.

Општинската јавна установа детска градинка „Детелинка“ со симболичните финансиски средства добиени како донација од градоначалникот на општина Грос Цимерн, изврши набавка на неколку детски реквизити за потребите на најмладите жители на Крива Паланка.

Спортските реквизити за дечињата од градинката „Детелинка“ се сместени во салата за спортски активности чие мото е „Играме,вежбаме, растеме“.

Оваа донација е искористена за збогатување и унапредување на спортско-рекреативните содржини на децата од предучилишна возраст, како и за зголемување на соодветни капацитети на спортски реквизити наменети за најмладите, соопштуваат од Општина Крива Паланка.

Би можело да ве интересира

Градоначалникот на Крива Паланка да не се амнестира од проблемот со кравите, реагира АХВ

Уапсена е краварката од Крива Паланка по нарушување на јавниот ред

Горан Наумовски

„Сусурига 2026“ го оживеа културното наследство по повод празникот Прочка

А1он

Во несреќен случај загина 83-годишен мотоциклист

Горан Наумовски

(ФОТО) Крива Паланка пак е најубаво украсен град во Македонија

А1он

Камион излета од патот Деве Баир – Крива Паланка кај Самоков, сообраќајот во прекин

Горан Наумовски