Германија е категорично против какви било поместувања на границите на Балканот

Од:

Германија е категорично против какви било поместувања на границите, изјави денеска во Берлин германскиот министер за надворешни работи Хајко Мас на заедничката прес-конференција со шефт на дипломатијата Бујар Османи, одговарајќи на новинарско прашање да даде коментар на нон пејперот што се појави минатиот месец, а во кој се предлага прекројување на границите на Западниот Балкан.

– Ова е нон-пејпер, а не е официјален документ. Не треба да се занимаваме со тоа понатаму. Не постои никакво учество на Германија, во никакви нон-пејпери, ако има за тоа гласини тоа се лажни вести. За германската надворешна политика секогаш основа на нашата политика за Западниот Балкан е дека не мешаме прсти во границите, рече Мас.

Германскиот министер потенцира дека какви било промени на границите, каде било, ќе имаат влијание врз целиот регион и ќе има негативни последици за сите.

– Во минатото го одбиваме тоа и сега го одбиваме, и во иднина комплетно тоа ќе го отфрлуваме, категоричен е Мас.

Нон-пејпер испратен до ЕУ минатиот месец, во којшто се предлага прекројување на границите на Западен Балкан, бил наводно напишан од словенечкиот премиер Јанез Јанша, кој потоа тоа го демантираше. Повеќе европски официјални претставници, како и политичари од регионот, предложената промена на границите ја оценија како опасна и го отфрлија овој концепт.

Би можело да ве интересира

Османи: Граѓаните кои се измамени нема да бидат жртви на урбаната мафија

Сиљановска-Давкова: Европа не може да биде целосно безбедна се додека Западен Балкан е надвор од Европската Унија

Горан Наумовски

Османи: Мицкоски е албанофоб, ги мрази Албанците и сака да ги тргне од институциите

(ВИДЕО) Старата скопска чаршија е нашата гордост, таа треба повторно да блесне и да стане мотор на културниот развој, вели Османи

Горан Наумовски

Фон дер Лајен: Иднината на Западен Балкан е во Европската Унија

Горан Наумовски

Ди Мајо: Османи е голем и почитуван пријател на Европската Унија