Во Македонија денеска има над 40.000 неписмени луѓе, покажуваат податоците кои осамнаа во центарот на Скопје, најверојатно по повод утрешниот празник Свети Кирил и Методиј, Денот на големите просветители.
Според податоците, од 70 земји во светот, Македонија се наоѓа на 68. позиција, пред Косово и Доминиканска Република, според податокот за неписмено население. Дури две третини од младата популација во Македонија е функционално неписмена. Според последниот попис од 2002 во Македонија имало над 70 000 неписмени
Македонија има најниска стапка на запишани деца во основно и средно образование во регионот, со ова имаме значителен дел од младата популација којашто воопшто не е вклучена во образованието и има значително намалени шанси за успех во понатамошниот дел од животот.
Училиштата наместо да бидат храмови на знаењето и напредокот се претворени во тендерџилници во кои децата имаат пристап до се освен до уки и науки.
Во над 130 села децата учат во катастрофални услови, училиштата протекуваат, нема пристојни санитарни јазли или затоплување.