Во Битола се оддржа герила акција „И воздухот во Битола подлегна под корупција!“

Од:

Во Битола е оддржана акција од група граѓански активисти под наслов: „И воздухот во Битола подлегна под корупција!“.

Изведена е артивистичка герила акција за влијанието на корупцијата во животната средина.

Во рамките на проектот Млади против корупција, Националниот младински совет на Македонија од 26 до 29 февруар одржа „Зимска Школа“ – АРТивизам против корупција во Хотел Моликка – Пелистер, каде што 24 учесници се запознаа одблиску со различните форми на корупција и како тоа да го адресираат низ креативен начин.

Овој проект е со цел да ги запознае младите со методи за спречување корупција преку организирање работилници, јавни дебати и кампања на социјалните мрежи со цел да се предизвика општествена одговорност и да се охрабри активно учество на младите во спречувањето на корупцијата.

Присуството на корупцијата во државата влијае на животите на младите луѓе, ги ограничува нивните професионални аспирации, и ги присилува да мигрираат надвор од државата, велат од организацијата.

Од оваа „Зимска Школа“ произлезе герила акција што учесниците ја спремија за да ја адресираат важноста за чистиот воздух и како корупцијата влијае индиректно на нашето здравје.

Самата акција се состои од визуелна претстава на лост во кој што парите, корупцијата и негрижата за животната средина се над интересите и здравјето на граѓаните во Битола.

Воедно, активистите во акцијата ја преведоа и познатата песна на Кочо Рацин “Денови”, која што ги опишува маките на граѓаните соочени со овој проблем, меѓутоа и аздисаноста и алчноста на елитите кои за животно загрозувачките прашања на луѓето не се откажуваат од големите профити што го уништуваат нашето здравје и го прави нашиот живот потежок.

Би можело да ве интересира

Герила акција „Заробена држава – никогаш повеќе“ изложена на улица „Македонија“

Ана Ололовска

Се крадат велосипеди, полицијата спие

Ана Ололовска

Герила акција во Центар: Дури две третини од младата популација е неписмена

Ана Ололовска

Герила акција: Огромна пастрмка во Скопје

Ана Ололовска

Герила акција за криминалната и „непатриотска“ борба за Македонија

Ана Ололовска

Герила акција во Велес: „Затвор за Фамилијата“

Емир Латифовиќ